Босонога Меган вежбаше јога

Принцот Хари и Меган Маркл се на официјална посета на Австралија, а деновиве во Сиднеј не можеа да ја одминат позната плажа Bondi beach.

Тие ги посетија локалните сурфери и говореа како менталното здравје се подобрува со забавни активности. Хари и Меган присуствуваа на средба каде што луѓето отворено зборуваа за своите проблеми со менталното здравје.

Bремената војвотка босонога шеташе по плажата и им даваше поддршка на луѓето што практикуваат јога. И самата таа е вљубеничка во јога, а и нејзината мајка работи како јога-инструктор.

Долгиот макси фустан со риги и минималната шминка беа совршен избор на војвотката за оваа пригода.

Текстот Босонога Меган вежбаше јога е превземен од Reporter.mk.