Пронајдени фосилни остатоци од праисториска пирана

Научниците пронајдоа фосилни остатови од вид на риба која е многу слична на пираните. Тие тврдат дека ова е најстар познат пример на риба која јаде месо.

Фосилните остатоци се пронајдени на југот на Германија, а рибата живеела пред 150 милиони години и имала препознатливо остри заби, како и денешните пирани. Овие заби ги користела за кинење на парчиња месо и пераите на другите риби. Покрај овие фосилни остатоци, пронајдени се и остатоци од други риби, кои праисториската пирана ги напаѓала и јадела.

Научниците ги анализирале забите и востановиле дека се работи за долги шилести заби на горната и триаголни заби на долната вилица.

Фосилните остатоци на праисториската пирана се важни, бидејќи претставуваат линк помеѓу времето кога на Земјата оделе диносауруси од модерно време.

Пираните денеска живеат во слатките води на Јужна Америка, а во Амазон има скоро 20 различни видови. Интересно е што праисториските пирани се пронајдени на место каде некогаш постоело море.

Извор: Klix.ba

 

Текстот Пронајдени фосилни остатоци од праисториска пирана е превземен од USB.mk.