Во каналите на Амстердам пловат околу 150 чамци, а општината објави дека до 2025. година сите треба да се префрлат од користење на дизел мотори кон користење на струја. Промената треба да се направи со цел да се намали загадувањето.
Сепак, сопствениците на овие превозни средства кои најчесто ги користат туристите, се соочуваат со голем предизвик, а тоа е финансикиот дел од новата обврска. Првиот чамец кој ја направи промената е Prinses Irene, a компанијатаво чија сопственост се наоѓа, има вкупно 32 чамци кои сообраќајат низ каналите.
Според сопственикот Rik Kooij, потребни се околу 3 месеци за да се извади дизел моторот и да се инсталира електричниот мотор и батериите. Стандарден чамец до должина од 23 метри употребува околу 66 батерии. Промената на технологијата за секој ваков чамец чини од околу 165.000 до 250.000 евра.
Според анализите, времето потребно за враќање на ваквата инвестиција е околу 12 години. Со оваа технологија, батериите на чамецот се полнат за околу 10 часови и чамците можат да бидат возени околу 2 дена.
Текстот Чамците во Амстердам ќе мора да користат електрични мотори е превземен од USB.mk.