Цемент што генерира светлина

Во текот на изминатите десет години развојот на паметни модели за конструкција, кои се тесно врзани за енергетската ефикасност, донесе нови материјали кои имаат модифицирани едно или две својства на контролиран или делумно контролиран начин, со надворешни стимуланси како радијација, температура, pH, влажност, ветар или други надворешно атмосферски фактори.

Како одговор на новите модели, д-р Хозе Карлос Рувио од UMSNH направи цемент кој има способност да апсорбира и да испушта светлосна енергија со цел да обезбеди поголема функционалност и разновидност на цементот во поглед на енергетската ефикасност.

Како што тврди Рувио, новиот паметен материјал има многу широка примена, а некои од најбитните се за фасади, базени, купатила, кујни, паркинзи и слично, пренесува ArchDaily. Исто така, би бил корисен и за поголема безбедност на патиштата и за сообраќајни знаци, како и во енергетскиот сектор за нафтени платформи и секаде каде што ќе има потреба да се осветли или да се обележи некој простор каде што нема пристап до електрицитет затоа што не му треба електродистрибутивен систем и се полни само со светлина.

Животниот век на цементот е подолг од 100 години благодарение на неорганската природа и затоа што компонентите од кои е направен лесно се рециклираат. Основната функција на цементот е возможна благодарение на поликондензација на суровините – силикон, речен песок, алкали и вода. Процесот се врши на собна температура и не консумира многу енергија. Притоа, загадувањето кое се создава е многу пониско во споредба со други типови на цемент како што се „портланд“ или синтетичката пластика.

Цементот може да се полни со природна или вештачка светлина, а во иднина можеби најкористениот градежен материјал во светот ќе може да понуди други светлосни или термални функции со цел да се намали консумацијата на енергија генерирана од денешните светлосни и термални системи.

Текстот Цемент што генерира светлина е превземен од USB.mk.