Ана и Раста се разведуваат, пејачката бара старателство над ќерката

Пејачката Ана Николиќ повторно се раздели од раперот Стефан Ѓуриќ – Раста. Лани таа поднесе документи за развод, па ги повлече, а според српските медиуми, вчера повторно поднела барање за развод. Таа овојпат побарала и целосно старателство над едногодишната ќерка Тара. Српски „Блиц“, повикувајќи се на близок пријател на двојката, открива дека Раста веќе се иселил од заедничкиот стан.

„Се караат многу последните два месеца. Тој од пред неколку дена спие во неговото музичко студио. Овој пат мислам дека нема да се смират. Ана му ја даде последната шанса, а тој ја прокоцка“, рекол нивниот пријател.

Тој додал дека Ана ќе направи се за да добие целосно старателство над ќерката и дека не сака Раста воопшто да ја гледа и да поминува време со неа.

Пејачите и лани беа пред развод, а првиот заеднички настап го имаа на концертот во Скопје. Тогаш во интервју за „Репортер“ открија дека ја надминале брачната криза и дека се смириле.

Ана Николиќ и Раста: Преживеавме брачна голгота

Текстот Ана и Раста се разведуваат, пејачката бара старателство над ќерката е превземен од Reporter.mk.