На 14 ноември во Женева, Швајцарија, ќе се одржи аукција на накитот на француската кралица Марија Антоанета од 18 век. Накитот во моментов е изложен е во Лондон, во аукциската куќа „Сотеби“. Меѓу најубавите примероци е ѓердан од природни дијаманти, проценет на 870.000 до 1,75 милиони евра, и обетки и ѓердан од бисери. Некои парчиња накит не се видени во јавноста подолго од 200 години.
„Ако некои кралици имаат голема политичка или историска тежина, тоа е сигурно Марија Антоанета. Кралицата имала стил“, вели претставник на аукциската куќа.
Пред Француската револуција и нејзиниот обид за бегство од Франција во 1789 година, Марија Антоанета накитот го испратила во Брисел од каде што стигнал кај нејзините роднини во Австрија. Накитот го наследила нејзината ќерка Марија Тереза, единствената што ја преживеала Француската револуција.
Текстот (Галерија) Се продаваат дијамантите на Марија Антоанета е превземен од Reporter.mk.