Тлото на Антарктикот расте многу побрзо од очекуваното, а тоа може сериозно да ја загрози иднината на овој континент, велат истражувачите.
Поради забрзаното подигнување на тлото под ледот може да дојде до нарушување на стабилноста на дебелата ледена покривка, особено доколку се земе предвид дека ледот се топи сè побрзо. Доколку се заклучи дека станува збор за тектонско подигнување, односно субдукција, тоа би значело дека на Антарктикот досега се истопил 10 отсто повеќе лед отколку што се верувало.
Со оглед на тоа што на континентот не постои цивилизација, Антарктикот е дефиниран од својата географија. Во Амундсеновото море, годишно се топи лед кој е доволен да ја преплави целата територија на Данска (43 илјади квадратни метри), а околу морето е заробено доволно вода за нивото на морињата ширум светот да се подигне за 1,2 метри.
“Тие количини се огромни за целата планета, но посебно за северот на Европа бидејќи поради комбинациите на гравитациските ефекти, морето најмногу се подигнува токму на северот на Стариот континент. Од друга страна, топењето на ледот на Гренланд го подигнува нивото на морињата на јужната хемисфера и со тоа дополнително го дестабилизира Антарктикот”, вели научникот Валентира Барлета од Данскиот универзитет.
На Алјаска и Исланд, тлото се подигнува за 20 до 30 милиметри годишно и тоа се смета за екстремно брзо, а новите мерења покажуваат дека на Антарктикот е достигната брзина од 41 милиметар годишно.
Тери Вилсон, автор на новата студија која се занимава со оваа проблематика објаснува дека тоа всушност значи дека земјината обвивка под површинската кора на Антарктикот е сè потопла и пофлуидна од порано. Тоа значи дека многу побрзо реагира на топењето на површинскиот лед.
Where is Antarctica melting internally, you ask? @BrentMinchew and I have a new paper out in EPSL (@ELSenviron) on "Temperate ice in the shear margins of the Antarctic Ice Sheet: Controlling processes and preliminary locations" (doi: 10.1016/j.epsl.2018.06.028) @uoregon @eapsMIT pic.twitter.com/UTH1LyGOpt
— Colin Meyer (@colinrmeyer) July 9, 2018
“Антарктикот е неописливо комплексен и некои позитивни движења од една страна можат да бидат пропратени со негативни движења од друга страна”, вели Вилсон и напоменува дека сето тоа што се случува на овој континент е одлика на глобалното затоплување.
Текстот Тлото на Антарктикот се подигнува многу побрзо отколку што се очекуваше (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.