25-годишниот модел Густав Магнар Вицо е најмладиот машки милијардер во светот според магазинот „Форбс“. Тој е трет најмлад милијардер во светот, а пред него се две девојки, исто така од Норвешка. Густав е наследник на норвешката рибарска империја. Најголемиот дел од своето богатство, од 4,3 милијарди долари го има од компанијата SalMar ASA, една од најголемите одгледувачи на лосос во светот. Кога Густав наполнил 19 години, неговиот татко, Густав Вицо, му дал дел во компанијата што ја основал.
Според „Форбс“, рибарската компанија е една од најголемите во норвешката индустрија. Тие одгледале преку 130.000 тони лосос во 2016 година. Густав Магнар засега не е заинтересиран да ја преземе компанијата од татко му.
„Не можете само да барате да бидете шеф на една ваква голема компанија. Мора да сте подготвени за тоа“, рекол тој за еден норвешкиот весник.
Тој во моментов работи како модел. Неодамна потпиша договор со норвешката агенција Team Models, снима реклами, едиторијали и многу патува. Вели, за десетина години, кога ќе го прошета светот и ќе научи нешто повеќе за работата, ќе ѝ се посвети на компанијата.
Текстот Норвешки модел е најмладиот милијардер во светот е превземен од Reporter.mk.