Видео снимка на која се гледа како ученик во едно школо во Франција со лажен пиштол и се заканува на наставничката, ја згрози јавноста низ светот.
Инцидентот се случил во југоисточното предградие на Франција, а на снимката може да се види како ученикот го држи пиштолот на нејзината глава, додека негов пријател во позадина го снима целиот настан и покажува среден прст.
Наставничката и покрај тоа што на прв поглед делува смирено, затоа што знае дека се работи за пиштол играчка, по целосниот преглед на видеото може да се заклучи дека не и било сеедно.
Јавноста во коментарите под видеото кое се рашири низ социјалните мрежи, смета дека 16 годишниот тинејџер треба да одговара и да добие соодветна казна.
Целиот случај го коментирал и претседателот на Франција Емануел Макрон, кој изјавил дека ваквите инциденти се неприфатливи.
Овој случај покренал и лавина коментари, укажувајќи на тоа како професорите секојдневно се соочуваат со насилствата во школите од страна на учениците и бараат од властите соодветни мерки за да вакви случаеви се спречат во иднина.
Le calme de cette enseignante braquée en plein cours par un élève et l’absence de signalement et de plainte immédiate par l’établissement scolaire à la suite de ce comportement suggère que ce type d’incidents est régulier. Qui cela étonne-t-il encore ? MLP #Créteil pic.twitter.com/xv9WtxD7ZD
— Marine Le Pen (@MLP_officiel) October 21, 2018
Текстот (Видео) Ученик со пиштол играчка и се заканил на наставничката е превземен од Reporter.mk.