Сопругата на Ел Чап, Ема Коронел (29) ужива во луксузот кој и го остави нејзиниот сопруг, додека тој се наоѓа во затвор во Њујорк, каде го чека судењето.
Мексиканската кралица на убавината, како што е позната во Мексико, редовно го прикажува својот гламурозен живот низ фотографиите на социјалните мрежи.
Последните неколку месеци, оваа девојка сподели фотографии од плажите во кои престојувала. Ема во бикини ги има посетено плажите во Лос Кабос, а се има пофалено и со своите ташни со марка „Прада“.
На една фотографија Ема ги има покажано и своите деца, ќерките близначки, а секоја од нив носела по една ташна од споменатиот дизајнер.
Ема за своите девојчиња Емали и Марија, има приредено и раскошна роденденска забава, а тема на журката била во знак на куклата Барби. На забавата се било украсено во розева боја. Сите балони, колачите, па дури и бомбоните биле осветлени во розева боја, пренесува „Дејли Мејл“.
Некои Мексиканци биле гневни кога овие фотографии стигнале во јавноста, па ја обвинија Ема дека се што знае да прави во животот е само да ги троши тешко стекнатите крвави пари на нејзиниот сопруг, мексиканскиот крал на дрогата.
„Целата приказна со неа е неверојатна. Таа се шета наоколу и се расфрла со богатството кое со крајни напори го има стекнато нејзиниот сопруг“, вели пензиониран агент на ДЕА, за „Њујорк пост“.
Кралот на дрогата се наоѓа во затвор во Њујорк, откако Мексико му го испорача на САД минатата година.
Ел Пачо е обвинет за 17 злосторства, меѓу кои и водењето на опасниот картел „Синалоа“ и траспорт на најмалку 200.000 килограми кокаин од Мексико во САД.
Ема се омажила за Ел Пачо во 2007 година, а медиумите пренесуваат дека таа сега е американска државјанка.
Нивните ќерки Марија и Емали се родени во САД, но живеат на имотот на својот татко во државата Синалоа.
Жената и ќерката повеќе пати се забележани како доаѓаат на суд во Њујорк во текот на минатата година.
Новото рочиште за Ел Пачо е закажано за 5 ноември, иако неговите адвокати инсистираат на одложување, затоа што велат дека не можат да ги подготват сите документи за судењето. Се очекува процесот да трае четири месеци.
Текстот Додека Ел Чапо е во затвор неговата сопруга ужива во крвавите пари е превземен од Reporter.mk.