Подметната бомба пред домот на Сорос

Експлозивна направа е пронајдена во понеделникот во поштенското сандаче во Округот Вестчестер во Њујорк, пред домот на Џорџ Сорос, објавиле странските медиуми, повикувајќи се на ифнормации добиени од локалните власти.

Според наводите на медиумите, бомбата не експлодирала, а локалните техничари, проактивно ја детонирале.

„Вработените во резиденцијата го отвориле пакетот и го пронашле она за што се сомневале дека станува збор, за експлозивен уред. Потоа го однеле во шумата и повикале полиција“, е наведено во соопштението на полицијата.

ФБИ во Њујорк на „Твитер“ соопштиле дека спровеле истрага во и околу резиденцијата и дека повеќе нема закана по безбедноста.

 

Текстот Подметната бомба пред домот на Сорос е превземен од Reporter.mk.