Американскиот гувернер и поранешен холивудски актер Арнолд Шварценегер, во интервју за магазинот Fortune, вели дека пред да стане славен и богат, во Америка пристигнал само со 20 долари.
Гувернерот на Калифорнија, открива дека во минатото имал тешко детство, а неговиот татко Густав често го тепал и злоставувал.
„Ме влечеше за коса. Ме тепаше со каиш. Тоа беа други времиња. Многу деца со кои се дружев беа тепани од нивните татковци. Тоа беше еден вид на германски-австриски менталитет“, вели Шварценегер.
Во својата автобиографија Total Recall: My Unbelivably True Story, вели дека строгоста на неговиот татко била најголемата мотивација за неговиот успех.
„Ова нема да потрае, затоа што ќе се отселам. Сакам да бидам богат, сакам да бидам познат“, си говорев секој пат кога мојот татко ќе ме тепаше.
Уште на 15 годишна возраст почнал да се занимава со бодибилдинг, а на 20 години станал „Мистер Универзум“. Во Америка стигнал на 21 годишна возраст со само 20 долари во џебот. Тогаш почнало неговото макотрпно пробивање до славата. Дење работел на мешалка на бетон, а ноќе тренирал.
Имал сон да стане актер и да глуми во познати филмови. Сепак тешко ги добивал улогите поради своето предолго име, прекрупно тело и смешен акцент.
„Беше многу тешко да почнам со филмската кариера. На почетокот секој агент, секој менаџер, секој водител во студиото ми говореше дека нема да добијам главна улога. Ми збореа дека треба да си го видам телото и дека изгледам како чудовиште. Ми говореа дека ги плаши мојот германски акцент. Твоето чудно име на филмскиот плакат би ги избркал луѓето“, раскажува глумецот во своето интервју.
На крај успеал да ја добие улогата на „Конан“ и така да се пробие во филмската индустрија. Сепак требало да минат уште неколку години за да се прослави во главната улога во денешниот култен филм „Терминатор“. Филмот стана хит, а Арнолд икона на акциските филмови.
Во 2003 година се откажал од работата во забавната индустрија и се посветил на политиката. Од 2003 година до 2011 година, ја извршува должноста на гувернер на Калифорнија.
Текстот Арнолд Шварценгер во Америка стигнал со само 20 долари е превземен од Reporter.mk.