(Видео) Боби Павловски сними песна на српски јазик

Македонскиот фолк-пејач Боби Павловски има нова „Метар дана“, снимена на српски јазик. Песната, која за него ја направи Сале од „Тропико бенд“, ја договориле додека биле „на седенка“. Со оваа песна Боби почнува ново поглавје во неговата музичка кариера.

„Песната е на српски јазик, што за многумина можеби е изненадување, но решив да ја снимам без размислување, веднаш штом го слушнав демото. Автори на песната се Сале од ‘Тропико бенд’ и Драган Брајовиќ – Браја, кои навистина маестрално си ја завршија својата работа. Со Сале се познавам одамна, па оваа наша соработка дојде сосема спонтано, а договорот падна на една од нашите седенки. Навистина сум задоволен од сработеното и искрено верувам дека и впечатокот и реакциите на сите оние кои ќе ја слушнат ќе бидат ако не исти, барем слични како и моите“, вели Боби.

За песната Боби сними и видео во режија на Даниел Јовески. Освен „Метар дана“, Боби подготвува уште една песна со Сале Тропико, а која е во завршна фаза. Пејачот неодамна потпиша договор со „Гранд продукција“ и тие ќе се грижат за неговата кариера во Србија, но и во регионот.

Текстот (Видео) Боби Павловски сними песна на српски јазик е превземен од Reporter.mk.