Пред зелените холорофилни растенија да ја „окупираат“ нашата планета, младата Земја веројатно била посеана со дамки со прекрасна пурпурна нијанса.
Оваа теорија доаѓа од професорот по молекуларна биологија Shiladitya DasSarma и астробиологот Edward Schwieterman, а се базира на набљудувањата направени врз сите древни едноклеточни форми на живот, преживеани досега. Тие можат да генерира енергија од сончевата светлина со тоа што користат виолетов пигмент, наречен ретинол.
Бидејќи ретинолот ја апсорбира зелената и жолта светлина и ослободува црвена и сина, растенијата веројатно имале виолетова боја.
Оваа теорија вели дека Земјата била прилично пурпурна во една од раните фази на нејзиното формирање. Претпоставките велат дека ваквата нијанса на Земјата била пред околу 2.4 до 3.5 милијарди години пред „падот на кислородот“ кога се појавува слободен кислород во атмосферата.
Текстот Земјата некогаш целосно била пурпурна е превземен од USB.mk.