Јавно извинување до Александар Филипчев и Љупка Наскова-Љубисављевиќ за објавен текст

По добиено барање на 22. 10. 2018 година од адвокатот Петре Цветанов, полномошник на Александар Филипчев и Љупка Наскова-Љубисављевиќ, редакцијата на „Репортер.мк“ упатува јавно извинување за објавениот текст со наслов „Вдовицата на Дуле во секс-скандал со директорот на ‘Ѓорѓија Пулевски’“, објавен на 5. 10  2018 година.

Редакцијата на „Репортер.мк“ испраќа јавно извинување до Александар Филипчев и Љупка Наскова-Љубисављевиќ поради  нарушениот углед и честа на Филипчев како директор и на Наскова-Љубисављевиќ како наставник за навреда и клевета како последица на објавениот текст. Дополнително, спорниот текст е отстранет од интернет-порталот.

Во продолжение го објавуваме барањето за извинување и повлекување доставено од адвокатот Петре Цветанов.

 

Текстот Јавно извинување до Александар Филипчев и Љупка Наскова-Љубисављевиќ за објавен текст е превземен од Reporter.mk.