Само три македонски пејачки, а повеќе регионални пејачи ќе настапат во чест на Тоше

На 2 ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи концертот во чест на Тоше Проески. Концертот почнува во 20 часот.  Каролина Гочева и сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ се македонските изведувачи кои ќе настапат на концертот. Од регионот пак, свото учсесто во потврдиле Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Сергеј Ќетковиќ, Борис Новковиќ, Владо Калембер, Ања Рупел и женскиот бенд „Фрајле“. Од Меѓународната фондација „Тодор Проески“ информираат дека се е уште се преговара со уште неколку познати имиња од регионот. На концертот ќе биде промовиран и албум со нови, до сега необјавени песни од Тоше Проески. Албумот е со наслов “Secret place” и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови. Влезните може да се купат во „Југотон“.

Текстот Само три македонски пејачки, а повеќе регионални пејачи ќе настапат во чест на Тоше е превземен од Reporter.mk.