Режисерот на „Тесна кожа“ почина од последици на Kовид-19

Српскиот режисерот Миливоје Миќа Милошевиќ починал денеска во Белград на 91 година од последици од коронавирусот. Миќа Милошевиќ ги режираше некои од најгледаните филмови, кои се уште се популарни, како што се „Тесна кожа“, „Лав во срцето“, „Берлин капут“. Милошевиќ го режираше и документарецот за Бело дугме и телевизискиот серијал „Тито:Црвено и црно“.  

Текстот Режисерот на „Тесна кожа“ почина од последици на Kовид-19 е превземен од Reporter.mk.