За време на еден ремонт во една просторија во зградата на Амбасадата на Ватикан во Рим биле откриени остатоци од човечки костури, соопштиле од прес-службата на Светиот Престол.
Во зградата веднаш стигнале припадници на ватиканската жандармерија, кои за откритието ги информирале претставниците на Светиот Престол, а потоа и официјалните власти во Италија.
Главниот обвинител на Рим, Џузепе Пинјатон, испратил експерт кој треба да ја открие староста, полот на умрениот и времето на смртта.
Vatican embassy: Human remains found at Rome property https://t.co/o8FkEXZKnA
— BBC News (World) (@BBCWorld) October 31, 2018
Според една верзија, остатоците би можеле да припаѓаат на една од двете девојчиња кои исчезнале во Рим во 1983 година под чудни околности.
Human bones discovered in Vatican buildinghttps://t.co/dgbdRdInpu pic.twitter.com/uCOz1fGn1d
— The Italian Insider (@ItalianInsider1) October 31, 2018
Во првиот случај, Мирела Грегори (15) ќерка на сопственикот на еден бар, исчезнала без трага на 7 мај 1983 година, откако заминала на состанок со нејзин познаник.
Вториот случај е Емануеле Орланди, 15-годишно девојче, ќерка на еден од вработените во домот на папата, која исчезнала откако на 22 јуни 1983 година ѝ телефонирала на својата сестра и ѝ рекла дека добила понуда за снимање на рекламна козметика.
UPDATED: Discovery of bones near Vatican embassy revives #EmanuelaOrlandi mystery https://t.co/yesbAzKn1Y pic.twitter.com/RU1Qos7bJh
— The Washington Times (@WashTimes) October 30, 2018
Текстот (Видео) Човечки коски најдени во Амбасадата на Светиот Престол во Рим е превземен од Reporter.mk.