Најмалиот син на Лепа Брена, Виктор, веќе неколку месеци е во врска со Софија Шашиќ, пренесува „Ало“. Според српски „Ало“, Софија била подолго време во врска со друго момче, но го оставила заради Виктор. Софија е ќерка на пејачот Жељко Шашиќ од бракот со Соња, која потоа се омажи за Аца Лукас. Виктор крие дека се забавува со Софија оти не сака медиумите да пишуваат за неговиот приватен живот.
„И двајцата се деца на познати родители, а таквите врски се под будното око на јавноста. Не им е лесно да излезат во јавност, но заљубени се и не сакаат да се кријат. Тие се познаваат долго време, а по неколку години дружење сфатија дека се еден за друг, па така започна нивната љубовна врска“, вели пријател на Виктор за „Ало“. Тој тврди дека семејството е пресреќно поради одлуката на Виктор.
„Кога Брена дозна дека Виктор е со ќерката на Шашиќ беше пресреќна. Тие со години се дружат и сите се сомневаа дека се заедно, а сега се потврдија нивните сомнежи. Соња почна да се сомнева дека нешто се случува меѓу нив по свадбата на Александра и Филип, оти тогаш беа неразделни. Размислуваа да се појават заедно на концертот на Брена, ама Виктор не сакаше да привлекува внимание на себе бидејќи тоа беше вечер на неговата мајка“, додава истиот извор.
Текстот Ќерката на Жељко Шашиќ го остави момчето заради синот на Брена е превземен од Reporter.mk.