Стотина вработени во компанијата „Гугл“ ширум светот денеска излегоа на протест, поради како што велат, благата реакција на компанијата кон нејзините шефови обвинети за сексуално вознемирување.
Првата реакција и почеток на протестот се случил во Сингапур, а работниците кои одлучиле да излезат на своите работни места оставиле порака:
„Не сум на своето работно место затоа што се придружив на другите работници на „Гугл“, и надворешни работници во протестот против сексуалното злоставување, неприфатливото однесување, недостатокот на транспарентност и култура која не е прифатлива“, пишува во писмото.
Организаторите на протестот барале да се промени начинот на кој компанијата се соочува со обвинувањата за сексуално неприфатливо однесување.
Нивните барања вклучуваат и повик да се прекине со праксата на насилно помирување. Во случај ваквата пракса да се укине, жртвите на злостовување би можеле да ги тужат своите напаѓачи.
Американскиот „Њујорк тајмс“ минатата недела објави приказна со деталите за обвинувањата на една жена за сексуално вознемирување против творецот на „Гугл андроидот“ Енди Рубин.
Big crowd here now at Google Dublin for the #GoogleWalkout pic.twitter.com/hvRgPHX27D
— Will Goodbody (@willgoodbody) November 1, 2018
Весникот наведува дека Рубин во 2014 година поради отказот примил отпремнина во износ од 90 милиони долари, иако Гугл заклучил дека обвинувањата за сексуално вознемирување против него кои биле изнесени од страна на една вработена во компанијата биле кредибилни.
Протестот под името „излези за реална промена“, инженери и други работници во компанијата сакале да испратат порака до одговорните дека сите работи кои се случуваат внатре треба да бидат транспарентни, кога станува збор за прашањата на сексуалното вознемирување.
Google staff walk out over women’s treatment https://t.co/V37KQbqBdK
— BBC News (UK) (@BBCNews) November 1, 2018
Во истиот текст се открива и за обвинувањата против уште неколку високопозиционирани во компанијата за сексуално вознемирување. Извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи неодамна упатил мејл до вработените во кои се извинува за постапките на компанијата од минатото.
Сепак Пичаи открил дека Гугл отпуштил 48 вработени, меѓу кои 13 менаџери на високи функции поради сексуално вознемирување, а претходните години не смеел да им исплати отпремина.
Но, денешниот протест би можел да сугерира дека значителен број од 94.000 вработени не поверувале дека компанијата „Гугл прави се за да ја направи вистинската работа, пишува агенцијата АП.
Текстот Работници на „Гугл“ протестираат низ светот против нивните шефови и сексуалното вознемирување е превземен од Reporter.mk.