На пејачот на „Визија“ му ја искршија колата

Непознато лице ноќеска му ја удрило и искршило колата на Марко Гапо, пејачот на алтернативниот рок-бенд „Визија“. Тој оштетениот автомобил го видел утрово и преку социјалните мрежи бара сведоци и помош да дознае што точно се случило.

„Вчера, некое време меѓу 01:00 и 05:00 после полноќ на ул. Илија Плавев (веднаш до КАМ Маркет на ул. Козле) ми е удрена колата. Сторителот вртел од ул. Козле со голема брзина во ул. Илија Плавев, се удрил странично во мојата кола и потоа избегал. Скршен е прозорот, ретровизорот и вратата и крилото се искривени до толку што не може да се отвори вратата. Пријавено е во полиција. Бидејќи сè уште не знам кој е сторителот целиот трошок за поправка паѓа на мене. Ве молам ако некој знае нешто или некој што живее во близина на ова место ако видел возило со оштетена десна страна, секоја информација е добредојдена и би можела да ми помогне. Фала.

Ако сторителот ја гледа сликава, те молам пиши ми да го решиме проблемов како луѓе. Грешки се случуваат, веројатно било и паника во прашање, ама не е прекасно да се пристапи кон ова на друг начин. Во спротивно приморан сум до крај да го спроведам увидот со полиција“, стои во објавата на „Фејсбук“.

Марко освен во „Визија“, членува и во бендот „Флека“, во кој пее Тони Зен.

Текстот На пејачот на „Визија“ му ја искршија колата е превземен од Reporter.mk.