Истражувачите од Институтот за технологија во Масачусец смислија необичен метод со кој на вонземските цивилизации би можеле да им го откриеме нашето присуство, но и да им испратиме одредени пораки.
Тимот на научници кој го предводеше Џејмс Кларк од Институтот за технологија во Масачусец, наведува дека би било можно да се користи ласерска технологија за создавање “космички светилник”, кој би можел да го привлече вниманието на вонземјаните, дури и на оддалеченост од 20.000 светлосни години.
Новите откритија, објавени во списанието The Astrophysical Journal, покажуваат дека комбинацијата од силни ласери од два мегавати, кои би биле емитувани низ масивниот телескоп со големина од 30 до 45 метри и насочени кон вселената, би можеле да бидат “мамец”.
Со оваа техника, инфрацрвената радијација би била доволно силна, интелигентниот вид вонземјани да ја разликува од сонцето.
“Еднаш кога ќе стапиме во контакт со вонземјаните, би можеле да користиме ласерски зрак за пренесување на кратки пораки”, велат истражувачите.
“Ако би почнале успешно да комуницираме, би можеле со Морзеова азбука да испраќаме пораки, а тие таму би стигнале за неколку години”, вели авторот на студијата, Џејмс Кларк.
Сепак, ваквиот вид комуницирање би можело да биде успешно само ако некој во вселената би можел да ги протолкува знаците.
Тимот научници откри дека системот би можел да се креира со помош на постоечката технологија и инструменти кои наскоро би можеле да се развијат.
“Ова би бил предизвикувачки проект, но не и невозможен”, истакнува Кларк.
Текстот Научниците смислија систем за комуникација со вонземјаните? (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.