Магазинот GQ го избра Швајнштајгер за маж на годината

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер беше прогласен за маж на годината во светот на спортот од страна на магазинот GQ.

На доделувањето на наградата во Берлин, присуствуваше и неговата сопруга, српската тенисерка Ана Ивановиќ. Таа на Инстаграм му честиташе за освоената награда, споделувајќи фотографија од нив двајцата.

На црвениот тепих Ана се појави во долг црн фустан со длабоко деколте, додека Швајни облече смокинг.

„Фала што не избравте мене и фала на мојата прекрасна жена Ана. Фала за неверојатната ноќ, ова е голема чест“, за заблагодари Бастијан.

Текстот Магазинот GQ го избра Швајнштајгер за маж на годината е превземен од Reporter.mk.