Во 2020 година полицајците во Дубаи ќе се возат на летачки мотоцикли. Компанијата „Ховерсурф“ неодамна го претстави новиот летачки мотоцикл на саемот на технички достигнувања во Дубаи, електрично возило за полетување и слетување што освен за полицијата ќе може да се користи и во секојдневниот живот.
Неколку од овие возила „Ховерсурф“ ѝ подари на полицијата во Дубaи, летачки мотоцикл S3 2019, а тие започнаа со обука на полициските службеници што ќе ги возат. Според полицијата, возилото ќе се користи најмногу во тешко пристапни зони.
Еден ваков мотоцикл чини 150.000 долари.
Текстот Полицијата во Дубаи ќе вози летачки мотоцикли е превземен од Reporter.mk.