Мајката на двегодишната Наѓа од Србија која почина од мали сипаници на 4 април во Институтот за мајки и деца во Белград, Драгана Петровиќ упати јавна порака околу загриженоста на сите за животот на Дарко Лазиќ и порача дека народот треба да се засрами.
Драгана обвинува дека сите се загрижени за животот на пејачот само затоа што има пари, додека тие кои немаат како неа се оставени на цедило. Драгана јавно прашува дали ако таа имала пари како Лазиќ, лекарите подобро ќе се грижеле за животот на нејзината ќерка.
„Дали неговиот живот е поважен од животот на мојата ќерка, само затоа што е познат? Да имав пари како него, можеби докторите ќе беа побрзи и повнимателни и ќе се грижеа подобро за животот на мојата ќерка. Можеби таа денес ќе беше жива“, вели Драгана Петровиќ.
„Како тоа Дарко Лазиќ има право на посета од страна на најблиските на интезивна нега 10 пати дневно? Кога Наѓа ја сместија на интезивна нега, првите неколку денови можев да ја гледам само низ стакло. Ми дозволуваа посета еднаш дневно од 12 до 13 часот, а ако не дојдев во тоа време, тогаш можев само да прашам по телефон како е. Ако се јавев надвор од тоа време, немаше да ми кажат ништо. Многупати ги преколнував да ми кажат дали детето ми е живо. Кај Лазиќ доаѓаат сите, па и новинари. Државата треба да се засрами“, вели Драгана.
Драгана за медиумите ја раскажала својата тага. Како изгледале последните денови на борба на нејзиното девојче.
„Мојата ќерка почина, а јас можев да ја посетам најмногу два пати дневно. Не можев да направам ништо. Дали животот на Дарко Лазиќ е поважен од животот на мојата ќерка, само затоа што е познат“, прашува Драгана.
„Кога ми јавија дека полека се губат сите шанси за живот за мојата ќерка, веднаш стигнав во болницата, да ја прегрнам додека е жива“, вели Драгана.
Неколку часа пред посетата на Драгана, на малото девојче и застанало срцето. Лекарите 15 минути се обидувале да ја вратат во живот. Поради тоа и пукнало и левото белодробно крило. Откако успеале да ја стабилизираат, и дозволиле на Драгана да ја види.
Срцето и беше стабилно, а лекарите и дадоа висока доза на адреналин за да издржи. Трчав до Институтот како луда. Кога дојдов ми рекоа дека не морам да се пресоблекувам за да влезам во интезивна нега. Од вратата видов на мониторот дека има 20 отчукувања на срцето во минута. Само мене ме чекаше. Ја фатив за рака, додека сестрата плачејќи ги исклучуваше апаратите на кои беше приклучена“, раскажува Драгана.
Текстот Драгана Петровиќ: Да имав пари како Дарко Лазиќ, можеби мојата ќерка ќе беше жива е превземен од Reporter.mk.