Прочуениот италијански композитор и диригент Енио Мориконе, тврди дека никогаш не го нарекол Квентин Тарантино кретен и дека неговите обвинувања се смешни.
Славниот уметник сега вели дека германскиот магазин „Плејбој“ кои ги објавил ваквите невистини, сега може да се соочи со тужба.
Минатата недела германското издание „Плејбој“, обајви интервју со Енио Мориконе, а во текстот наводно 90 годишниот композитор и диригент, го нарекол Квентин Тарантино кретен и дека неговите филмови биле ѓубре.
Исто така Мориконе во интервјуто го критикува настанот за најпрестижно филмско признание, доделувањето на Оскарите.
Мориконе во јавноста ги негирал ваквите пишувања на магазинот.
„Никогаш не сум дал интервју за германски „Плејбој“, ниту пак некогаш сум го нарекол Квентин Тарантино кретен. Сигурно не сметам дека неговите филмови се ѓубре“, изјавил прочуениот уметник во изјава за „Варајети“.
Мориконе истакнал дека го овластил адвокат во Италија за да превземе правни мерки. Италијанскиот уметник напишал и оригинална музика за делото на Тарантино The Hateful Eight, која му донесе „Оскар“ и „Златен глобус“.
Текстот Енио Мориконе ќе го тужи „Плејбој“, за изјавата дека Тарантино бил кретен е превземен од Reporter.mk.