Ева Лонгорија се породи пред пет месеци, ама се уште мака мачи со килограмите. Но, и покрај тоа таа е редовна гостинка на свеченостите на организациите со кои соработува.
Синоќа, 43-годишната актерка се појави на настан организиран од непрофитната организација American Civil Liberties Union во Беверли Хилс. На црвениот тепих, ѕвездата од „Очајни домаќинки“ дојде во розова припиена креација и бежови сандали.
Ева позираше и со актерката Рита Морено. Иако со повеќе килограми, актерката без комплкс, облече припиен фустан во светла боја. Таа неодамна изјави дека не очекувала дека толку тешко ќе и оди слабеењето откако се породи со синот.
Текстот (Фото) Ева Лонгорија ѝ со вишок килограми облече припиен фустан е превземен од Reporter.mk.