(Фото) Весна се потсети на првата средба со ќерка си Мина

Ќерката на Весна Петрушевска Мина го прослави 14. роденден. Аактерката објави фотографии од роденденската забава и се и се потсети на мигот кога прв пат ја видела Мина и времето кога ја посвои.

„Мина наполни 14 години. Како вчера да беше кога тоа мало муце со две долни запчиња и со едно опавче на сред глава плачеше наоколу при нашата прва средба. Малечка, кревка, дури 4 килограми на 9 месеци. Мина одамна е херојот на мојот живот, таа нејзина отвореност, искреност и чесност ме зграпчува. Мина се радува на најмали нешта, на пладневно гушкање, на нагалено Минувче, на луѓето се радува. Во ниту еден момент не ја напушта нејзината верба кон луѓето. Мина има срце како планина и душа како памук. Затоа е Мина Нагазна, од убавини да не куртулиш ќерка! Гази си милно и достоинствено“, напиша Весна на Фејсбук.

Актерката пред 13 години ги посвои ќерката Мина и синот Кирил.

Текстот (Фото) Весна се потсети на првата средба со ќерка си Мина е превземен од Reporter.mk.