Париз вчера беше центар на светот. Во француската метропола се собраа повеќе од 70 претседатели и премиери. Церемонијата ја одбележа 100 годишнината од завршувањето на Големата војна, а покрај централната свеченост, ја одбележаа и неколку интересни настани.
Големо внимание привлече и домаќинот на настанот, Емануел Макрон, кој се обидел да ги стопли односите со претседателот на САД, Доналд Трамп. Во моментот кога ја спуштил својата рака на коленото на Трамп и му се обратил со зборовите „пријателу мој“, американскиот претседател се обидувал да држи растојание.
Ден подоцна, на централната свеченост по повод одбележување на 100 години од крајот на Првата светска војна, слична комуникација оствари Макрон и со германската канцеларка Ангела Меркел.
Макрон имал интересен разговор и со претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ. Тие на црвениот тепих разменија неколку зборови под дождот, како и пред четири месеци кога се дружеа на рускиот фудбалски терен, по финалето на Светското првенство на Франција-Хрватска, кога Колинда го прегрна францускиот колега.
Иако не можело да се слушне што и кажал на хрватската претседателка, веднаш по доаѓањето, по гетикулацијата на Макрон може да се заклучи дека и кажал: „Повторно ни врне“.
Иако повеќето светски лидери стигнаа најпрво во Јелисејската палата, а потоа кон Триумфалната капија, каде се одржа воената парада по повод 100 години од крајот на Првата светска војна, претседателоте на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, директно стигнале пред Триумфалната капија.
Трамп го пречека Путин со широка насмевка, што на многумина, како што пренесуваат светските медиуми е нешто што им смета на голем број Американци. Големо внимание привлече и ракувањето на претседателите на САД и Русија.
На видео-снимката се гледа и како Путин се доближува и се ракува со Трамп, а потоа додека се ракува со сопругата на Трамп, Меланија, го удира по рамото.
Путин потоа се врти, го удира благо по рамото Доналд Трамп, го подигнува палецот нагоре и си заминува на своето место, покрај првата дама на Франција, Бриџит Макрон.
Иако со Путин срдечно се поздрави, непријатната ситуација се случи со претседателот на Украина Петро Порошенко, кој како и многу други светски лидери, присуствуваа на церемонијата на одбележување на крајот на Првата светска војна во Париз.
Претседателот на САД, Доналд Трамп не го удостои со внимание и дури не му подаде рака, покажувајќи ги снимките од церемонијата.
На германската канцеларка, Меркел и беше забавно во друштво на претседателот на Русија Владимир Путин. Фотографијата настана за време на Форумот.
Според официјалниот распоред на седењето, кој се појави на социјалните мрежи и пред самиот ручек, претседателите на Русија и САД требало да седат од истата страна на масата. Поточно Путин од десната страна на Макрон, а Трамп од левата страна на францускиот претседател. Покрај францускиот претседател, во тампон зоната се најде и германската канцеларка Ангела Меркел. Но распоредот се променил и на крајот Путин се најде преку патот на Трамп.
Во неколку моменти на фотографијата се гледа како Трамп му намигнува на рускиот колега.
Путин и Трамп в Париже: Та самая встреча «на полях» pic.twitter.com/eABQYblWRO
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) November 11, 2018
Текстот (Видео) Во Париз пипкање, доцнење и намигнување на Доналд Трамп е превземен од Reporter.mk.