Фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо во придружба на неговата сопруга Џорџина и синот Кристијано Роналдо Јуниор присуствуваа во Лондон на мечот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со Џон Изнер.
Роналдо, Георгина и Роналдо Јуниор беа забележани на трибите на О2 Арената како го бодрат најдобриот тенисер на денешницата.
По мечот Ѓоковиќ изјави дека жали што не можел да се види со Кристијано Роналдо, но дополни дека е одлична работа за тенисот, што една од најголемите спортски ѕвезди доаѓа да гледа. Ѓоковиќ дополни дека веројатно на Роналдо му се допаднал црно-белиот дрес. Тенисерот играше со дрес во црно-бела боја и кои наликувал на оној на Јувентус, клубот каде настапува Роналдо.
„Сигурен сум дека му се допаднал мојот дрес затоа што е црно-бел, а тоа сега се боите на неговиот клуб. Голема работа за тенисот е тоа што на мечевите доаѓа една од најголемите спортски ѕвезди на светот. Тоа е супер за нашиот спорт. Го забележав и претходно, најчесто во Мадрид каде редовно ги следеше мечевите на Рафаел Надал и Роџер Федерер. За жал не успеавме да се видиме по мечот, но се надевам дека ќе имам друга можност“, изјавил Новак Ѓоковиќ по победата.
Ronaldo must be happy! Novak Djokovic on @juventusfc and Portugal superstar footballer @Cristiano being courtside supporting him. pic.twitter.com/06CJtJSVaE
— sntv (@sntvstory) November 13, 2018
Текстот (Фото) Кристијано Роналдо го бодреше Ѓоковиќ е превземен од Reporter.mk.