Мараја Кери која во текот на бременоста се здебелила за 30 килограми, за три месеци успеа да ослабне 20 килограми. Пејачката вели дека посетила нутриционист, со цел да дознае колку калории дневно би требало да јаде.
Пејачката вели дека дневно јаде на неколку часа по повеќе пати, но во помали количини. Дневно конзумира 1500 калории. Мараја вели дека вежба неколку пати во текот на неделата.
Поради царскиот рез, вежбањето не и било опција на почетокот. Диетата и е речиси 90% од целокупниот режим. Кери вели дека како дел од режимот се и прошетките со своите кучиња.
Наместо да се раководи по бројките кои ги покажувала вагата, Мараја пробувала постари фустани и проверувала како и стојат. Вели дека на тој начин не размислувала за килограмите.
Текстот Мараја Кери се пофали дека ослабела 20 килограми е превземен од Reporter.mk.