Изнемоштен коњ кој влечeл запрежна кола паднал на улицата меѓу Тутунскиот комбинат и полициската станица „Пролет“ во Скопје, пишува „Макфакс“.
Според очевидци, коњот давал знаци на живот иако лежел на асфалтот и не можел да стане. Неколку луѓе присутни на местото на настанот се обиделе да му помогнат на изнемоштеното животно.
Ваквата глетка станува сè почеста слика во главниот град, а многу активисти за заштита на животните бараат од властите да преземат мерки кон оние што нехумано постапуваат и ги измачуваат животните. Активистите апелираат општините и Град Скопје да овозможат субвенционирање мотоцикли за транспорт на стока и материјали, а на сметка на тоа да се забрани коњи да влечат запрежни коли за овие потреби.
Текстот (Видео) Изнемоштен коњ падна на улица среде Скопје е превземен од Reporter.mk.