Кобила криејќи се во базен се спасила од пожарот во Калифорнија

Кобила успеала да се спаси од смртоносниот пожар кој деновиве ја зафати цела Калифорнија. Животното успеало да се сокрие во базен во еден од дворовите во куќите кои биле зафатени во пожарите.

Еден од жителите од местото Перадајс во Калифорнија, Џеф Хил ја пронашол кобилата во базенот додека го проверувал домот на неговите комшии.

Мегапожарот Camp Fire, кој усмрти најмалку 48 луѓе, стана најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија и го уништи речиси целиот град Перадајс.

Кобилата кога била пронајдена се тресела и изгледала како да е заглавена во покривачот на базенот. Се чини дека тој ја спасил од давење.

Хил и неговите пријатели со помош на покривачот успеале да ја донесат кобилата во плиткиот дел, од каде потоа ја извадиле од базенот.

„Излезе и се тресеше целата. Во знак на благодарност проба да не помилува неколку пати и замина убедувајќи не дека со неа е се во ред“, напишал Џеф.

 

Текстот Кобила криејќи се во базен се спасила од пожарот во Калифорнија е превземен од Reporter.mk.