Оваа недела во Велика Британија ќе се одржи кампања за бесплатни тестови против ХИВ, која се промовира од Хари, пишува Би-Би-Си.
„Се уште постои голема непријатност и стигма во нашето општество на оваа тема. Ова нè спречува да направиме брз, лесен и исклучително безболен тест. Нема да го запреме ширењето на ХИВ, ако не размислуваме за тестовите како за нешто нормално и сосема достапно“, рече тој.
„Кога си правите тест за ХИВ треба да сте горди со себе, а не да се срамте“, рече 34-годишниот британски принц во ново видео, дел од кампањата за превенција на болеста.
Покојната принцеза Дијана, мајката на принцот, влијаеше во позитивна насока на јавното мислење за прашањата на СИДА / ХИВ, кога во 1987 година го отвори болничко крило за лекување на
болеста во Лондонската болница „Мидлсекс“ и се поздрави со пациент, преносител на вирусот, откако претходно ги отстрани нејзините ракавици.
Текстот Тестирајте се за ХИВ, не е срамота-принцот Хари во борба против сидата е превземен од Reporter.mk.