Обилни врнежи од снег попладнево ги прекрија патиштата низ државава. Од АМСМ информираат дека на повисоките места е воведена забрана за камиони. Од 18.10 часот, пак, патниот правец Берово-Виница е во прекин за сите возила.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата“, информира АМСМ.
Поради интензивни врнежи од снег во 16.30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, а во 16.50 часот е воведена забрана за камиони и на планинскиот превој Стража.
Патниот правец Дреново – Прилеп и патниот правец Делчево према граничен премин се во прекин за камиони.
Сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка е пуштен наизменично за сообраќај.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година
Текстот Патиштата низ Македонија завеани со снег е превземен од Reporter.mk.