(Видео) Палатата на Ердоган е 30 пати поголема од Белата куќа

Палатата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, е 30 пати поголема од Белата куќа, каде што престојува американскиот претседател во својот четиригодишен мандат.

Иако првичната замисла за палата Аксарај или во превод Белата палата, да биде место од каде ќе владее турскиот премиер, веднаш по изборот на Ердоган за претседател на Турција, ова место станало негова палата.

Поставена е на едно брдо во предградието на Анкара, а целосната изградба завршена е пред три години. Аксарај или Белата палата има 1100 соби од кои 25 ги користи самиот Ердоган.

Изградбата чинела 600 милиони долари, но точните трошоци за ентериерот не се познати. Дури 9 милиони долари се потрошени на теписи, 8 милиони долари на завеси, а дополните 6,5 милиони долари за 400 стаклени врати.

Секоја чаша во палатата чини 320 долари. Палатата има бункери кои можат да издржат биолошки, хемиски и нуклеарен напад. Се проценува дека ова е најголемата палата изградена во последните 100 години.

Текстот (Видео) Палатата на Ердоган е 30 пати поголема од Белата куќа е превземен од Reporter.mk.