Поранешниот партнер на пејачката Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал нервозно реагирал на објавата на турските медиуми дека е во љубовна врска со пејачката и актерка Сереј Јерели.
Мустафа кој бил во неколку дневна посета во Лондон, на социјалните мрежи објави фотографија со него и Јерели.
„Од Лондон со љубовта“, Серел и јас по пријатна вечера“, напишал Мустафа во описот на фотографијата.
Ваквиот потег на познатиот текстописец во Турција, медиумите во земјата го протолкуваа како објава на неговата нова врска и дека Мустафа е во шема со Серел.
„Не сакав да зборувам, но кога ќе се вратам во Истанбул, она што го прочитав и посакав на мојата „љубовница“ ќе ви биде објаснето!“, напишал Мустафа на својот профил, со објавена фотографија на која тој ја објавил приказната за него и неговата наводна љубовница Серел.
„Покрај мене беа и моите две деца. Разговаравме со младата музичарка еден час. Каква врска има тоа со мојот приватен живот?!“, напишал во продолжение Мустафа на својот статус.
„Драги новинари од магазинот, дали мислите дека на овој начин ќе му наштетите на 24. годишниот бренд Мустафа Сандал?“, прашал јавно писателот на својот профил на социјалните мрежи.
Мустафа набрзо по разводот од Емина Јаховиќ, бил во врска со манекенката Џенер Хиндистан, а според најновите пишувања на турските медиуми со Серел, девојката со која се дружел во Лондон, се само пријатели.
Текстот Турските медиуми му наместија врска на Мустафа Сандал со млада актерка е превземен од Reporter.mk.