Арсениј (16) ученик од Минск, минатата недела бил принуден да ѝ се извини на статуа од времето на руското царство, откако претходно момчето и удрило шамар. Настанот се случил во центарот на градот на 14. ноември.
Белоруските полицајци веднаш откако виделе што направило момчето, го уапсиле, го сослушале а потоа направиле и записник. Непримерниот потег бил забележан и од безбедносните камери, а исечок од видеото било објавено на страницата на Министерството за внатрешни работи, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Момчето откако ѝ удрило шамар на полицаецот со брада, се свртело кон својот другар и се насмевнал. Следниот ден Арсениј бил принуден да се врати пред статуата ѝ да се извини.
Absurd lengths: #Minsk police after people for getting close to statue of policeman (video) https://t.co/kOvIktlp78 #Belarus pic.twitter.com/lkwfSMMAE3
— Belsat in English (@Belsat_Eng) November 19, 2018
„Оваа статуа има своја историја, а моите постапки можат да ја оскрнават. Искрено ми е жал“, изјавил Арсениј.
За Министерството за внатрешни работи, оваа ситуација била победа во спроведување на законот кој ја отсликува гордата традиција на давање услуги на полицијата кон белорускиот народ.
„Момчето мислело дека неговиот потег ќе остане неприметен. Колку наивно“, напишале службениците во својата изјава.
Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека воениот одред 5448 реагирал во самиот момент и останале професионални во своите постапки до крај.
Ова не е прв пат оваа статуа, која е откриена во март 2017 година во знак на обележување на стогодишнината на белоруската полиција, биде вандализирана или искористена за политички подвизи.
Во март 2017 година, уметникот Вјачеслав Касинерав добил парична казна откако фрлил паричка околу статуата во знак на протест против полицискиот третман врз полтички демонстранти.
Во март, членовите на локалната лезбејска, геј, бисексуална и трансродна ЛГБТ група, биле казнети поради поставување на цвеќиња покрај статуата.
Во изјавата која ја дале Министерството за внатрешни работи за јавноста, истакнуваат дека целта на казнување на ученикот, одосно чинот со извинување на статуата, е луѓето двапати да размислат пред да се обидат да го нарушат угледот на белоруската полиција.
„Можеби извинувањето на статуата полицаец, во иднина ќе го поправи неговиот однос кон законот“, соопштиле од Министерството за случајот со Арсениј.
Текстот (Видео) Ученик ја удрил статуата, а полицијата го приморала да се извини е превземен од Reporter.mk.