Четириест години откако почнаа да свират заедно, култниот ирски бенд „Ју-ту“ ќе се расформира, откри Боно на концертот во Берлин пред два дена.
„Долго сме на патот, веќе 40 години, и овие четири години беа навистина посебни. Сега заминуваме“, изјави Боно пред публиката во берлинската „Мерцедес-Бенц арена“, каде што го одржаа последниот концерт во рамките на турнејата „Искуство + невиност“ .
Турнејата требаше да заврши во Даблин минатиот викенд, но бендот одлучи да се врати во Германија и да го одржи својот последен концерт таму, откако го откажа настапот што требаше да се одржи на 1 септември бидејќи Боно го загуби гласот. Многумина велат дека здравствените проблеми на Боно се една од главните причини за бендот да се расформира. Но има и такви што тврдат дека таква масовна паника се создава на последните настапи на секоја нивна турнеја и дека тоа веројатно е само лажен аларм.
Текстот По 40 години, „Ју-ту“ оди во историјата е превземен од Reporter.mk.