Наум Петрески ќе стане дедо

Фолк-пејачката Анастасија Петреска ќе стане мајка. Веста за бременоста на Анастасија, најстарата ќерка на Наум Петрески, ја откри нејзиниот свршеник, Владимир Поповски, пејачот на групата „Биоритам“.

„Анастасија е разубавена, ѝ годи на мамица“, „Уживајте сега, ќе си уживате уште повеќе со дечиња“, „Најубавиот македонски пар“, им порачаа пријателите.

За потсетување, Анастасија и Владо се верија оваа година пред Божик, додека беа на зимување во Банско. Тогаш веста за веридбата прва ја сподели Анастасија, со фотографија од свршеничкиот прстен.

Редакцијата на „Репортер“ ги контактираше Анастасија, Владимир и Наум, но до објавувањето на текстот не добивме одговор од никој од нив.

Се вери Анастасија Петреска

 

Текстот Наум Петрески ќе стане дедо е превземен од Reporter.mk.