Марија Спасовска, нашата претставничка на Јуниор евровизија, вчера ја имаше проба на евровизиската сцена во Минск Белорусија. Таа ја испеа песната „Дома“, а мал дел од пробата беше објавен на социјалните мрежи, а 12-годишната Марија доби комплименти и за пеењето, но и за изгледот.
„Очекувам Македонија да го има најдобриот пласман досега“, „Вокалот е одличен, сценографијата исто така, сигурно ќе гласам за Марија“, „Конечно праќаме цел пакет – глас, песна, сценографија“ се дел од коментарите на видеото објавено на ЈуТјуб.
Музиката за песната „Дома“ ја направи Дарко Димитров, а текстот е на Елена Ристеска. Јуниор евровизија ќе се одржи на 25 ноември во Минск, Белорусија. Преносот на фестивалот ќе почне во 16 часот на МРТ, а Марија ќе настапи 16та по ред. Годинава на Јуниор евровизија ќе се натпреваруваат претставници од 20 земји.
Текстот (Видео) Марија ја имаше првата проба на Јуниор евровизија е превземен од Reporter.mk.