Google сака да ви се вовлече дури и во спалната соба

Информациите се богатство – за тоа е свесен и Google кој работи на патенти, со кои би ви се вовлекол и во спалната соба.

Како се облекувате, како е уреден вашиот стан, колку чини тоа што го имате во вашиот дом – сето ова е се информации кои за Google вредат злато. Токму врз основа на тие информации, Google ќе може да ви го понуди не само тоа што го сакате, туку и тоа што ќе можете да си го дозволите.

Google работи на патент на производ со паметни камери кои што ќе скенираат и ќе анализираат како ви изгледа внатрешноста на домот, а потоа и да ви понуди производи врз темел на своите заклучоци, пренесува „The Atlantic”.

На пример, ако уредот забележи дека во вашиот ормар има маичка со ликот на актерот Вил Смит, тоа ќе го спореди и со вашите пребарувања на интернет, па би можел и да ве извести дека во кината наскоро ќе се прикажува и новиот филм на Вил Смит.

Покрај тоа, уредот ќе врши проценка на вашиот моден вкус и според тоа ќе ви препорачува слична облека или облека која ќе биде во склад на вашите примања. Исто така, со анализа на вашиот глас, Google ќе го знае вашиот пол и вашата возраст.

Ако ова ви се чини како премногу, тогаш не треба да го занемарите фактот дека такво нешто веќе постои – онлајн. Се што пребарувате на интернет, а логирани сте на пример на Gmail или Facebook, тие сервиси ја бележат вашата активност и ви нудат огласи врз основа на вашата историја на пребарување.

Овие патенти се уште не се производи, но се добар показател на тоа во која насока се развиваат овие изуми и како тие би влијаеле на нашиот живот.

Извор: Zimo.hr

Текстот Google сака да ви се вовлече дури и во спалната соба е превземен од USB.mk.