Младата пејачка Елена Миленковска повторно во музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа својот профил на Фејсбук сподели фотографија и се пофали дека го поминала првиот круг. Оваа сезона има многу претставници од Македонија. Некои од нив веќе ги гледаме и во претходните сезони, а некои се нови. До сега беа актуелни настапите на Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Адам Лабунски, но наскоро во новите емисии ќе настапат Стефан Величковски и Елена Миленковска кои веќе еднаш пееа на сцената на „Гранд“.
Текстот Елена Миленковска повторно во „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.