Меган Маркел имаше емотивно враќање во волонтерската кујна што беше инспирација за нејзината соработка во создавањето на хуманитарна книга за готвење и ова е нејзиниот прв самостоен проект како член на британското кралско семејство.
Меган пристигна во хуманитарната кујна Хаб во близина на кулата Гренфел во западен Лондон каде се случи смртоносниот пожар во јуни, 2017 година кога загинаа 72 лица. Идната мајка беше пречекана од жените кои волонтираат во кујната. Таа веднаш почна да им помага.
Меган, која за оваа пригода носеше фустан и капут во бургунди нијанса на брендот Club Monaco, приватно ја посетуваше кујната од јануари, а подоцна и го соопшти проектот на кој работеше.
Книгата за готвење „Together: Our Community Cookbook“ се искачи на прво место по продажба на Aмазон за неколку часа откако беше објавена и за два месеци се има продадено во повеќе од 40.000 примероци. Парите од продажбата ќе бидат насочени во хуманитарни цели.
Текстот Меган повторно готвеше во хуманитарна кујна е превземен од Reporter.mk.