Српскиот филм „Јужен ветар“, во кој починатиот актер Небојша Глоговац ја одигра својата последна улога, на 24 ноември (сабота) ќе има премира во киното „Синеплекс“ во Скопје.
Филмот ја раскажува приказната за Петар Мараш, припадник на белградската автомобилска мафија. Тој го напушта родителскиот дом и со девојката Софија се вселува во својот нов стан. Кланот на кој припаѓа, а кој го води искусниот Цар, работи добро. Работата е уиграна, пари има доволно за сите, а полицијата не им прави никакви проблеми. Сето тоа се менува кога Мараш случајно ќе се замери со бруталниот нарко-клан.
Филмот е во режија на Милош Аврамовиќ. Во главните улоги настапуваат Милош Биковиќ, Драган Бјелогрлиќ, Небојша Глоговац, Миограг Радоњиќ, Милош Тимотијевиќ и други. Оваа криминалистичка драма ги урива рекордите на гледаност во Србија и во регионот. Филмот наскоро ќе почне да се прикажува во САД и во Канада.
Текстот Последниот филм на Небојша Глоговац во Скопје е превземен од Reporter.mk.