Меѓународен тим на научници открија активен извор на геотермална топлина лоциран длабоко под мразот во источниот дел на Антарктикот. Мистериозниот извор на топлина беше откриен во близина на Јужниот Пол, каде што, како што се покажа, базата на мразот од Антарктикот се топи многу брзо. Научниците го откриле овој необичен извор со помош на многу чувствителен радар, кој ја испитувал дебелината на мразот на длабочина од околу 3 км.
Ова откритие дополнително ја компликува и онака сложената ситуација со глобалното затоплување и топењето на мразот на Антарктикот. Според научниците, изворот на топлина е комбинација од голем обем на карпи со зголемена радиоактивност и топла вода, која доаѓа од длабочините на овие карпи. Топлината што ја носи оваа вода со неа го топи основните делови на штитот, кои, како вода, се разнесуваат од потокот.
Присуството на такви струи служи како дополнителен “лубрикант” кога глечерот се движи од центарот на континентот до океанот. Научниците со помош на радар на авионот испитувале дел од мразот со должина од 100 и ширина од 50 километри. Добиените податоци овозможија да се процени стапката на топење на мразот во оваа област, кој изнесува околу 6 милиметри годишно.
„Заклучивме дека локалните аномалии за генерирање на топлина можат да бидат широко распространети на источниот дел од Антарктикот. Процесот на топење, кој го гледаме сега, веројатно е стар илјадници, па дури и милиони години и засега не знаеме како влијае врз промената на ледената покривка, но се надеваме дека тоа е само еден нормален процес“, вели британскиот експерт за истражување на Антарктикот, Том Џордан.
„Меѓутоа, во иднина, вишокот вода на базата на ледениот слој може да го направи овој регион посензитивен кон надворешни фактори, како што се климатските промени“, додаде тој.
Сега новата хипотеза вели дека причината за топењето на мразот не е само и само човечката активност која доведе до глобално затоплување, туку и ваквите мистериозни топли извори кои предизвикуваат брзо топење на глечерите.
Текстот Мистериозен извор на топлина пронајден под мразот на Антарктикот е превземен од USB.mk.