Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис, соопшти дека Белата куќа му дала овластување, војската да ги брани цариниците и граѓаните на границата со Мексико.
Повеќе од 4000 мигранти пристигнале во Тихуан, градот на северозападно Мексико, на границата со САД. Војската добила наредба да реагира, доколку е потребно.
Само вчера, со автобуси или пешки, повеќе од стотина мигранти со потекло од Средна Америка, пристигнале до мексиканската-американска граница. Приватните центри се полни и одреден број на мигранти се сместени во импровизирани кампови во околината.
Храната им ја делат активисти и претставници на верски организации. Локалните власти соопштиле дека од 4000 мигранти, колку во моментов ги има во градот, 400 се деца.
Повеќето мигранти имаат намера да поднесат барање за азил во САД, но за разгледување на својот случај можат да чекаат и повеќе од година дена.
Агенцијата Асошијетед прес наведува дека тоа значи дека Матис ќе има овластување, доколку дојде во случај на насилство или други инциденти на границата, да ја испрати војската за да го одбрани персоналот и да ги уапси мигрантите.
Матис изјавил дека војската нема да ги превземе овластувањата на органите на редот и мигрантите да ги задржува на неколку минути или часови, но додал дека има овластување да отвори оган, ако тоа е неопходно.
Војската би интервенирала на американската југозападна граница само во случај на специфично барање на Министерството за внатрешна безбедност, објаснил Матис.
Текстот Американската војска доби дозвола да пука врз мексиканските мигранти ако е неопходно е превземен од Reporter.mk.