Починатиот Стен Ли ќе се појави уште во неколку филмови на „Марвел“

Стен Ли, легендарниот автор на суперхероите на „Марвел“, меѓу кои се Спајдермен, Тор, Антмен, Капетан Америка, Ајрон мен и други, ќе се појави во уште два филма, „Капетан Марвел“ и четвртиот дел на „Авенџерс“. Ли, кој почина пред две недели, се појавуваше во сите филмови на „Марвел“ снимени последните десет години.Тој своите епизодни улоги во двата филма ги снимил уште на почетокот на годината.

Американските медиуми пишуваат дека постои можност Ли да се појави уште во неколку филмови што студиото Марвел сè уште ги нема најавено, а со оглед на квалитетот на денешните специјалните ефекти, ништо не ги спречува да го уфрлат и во некој од претстојните филмови.

Текстот Починатиот Стен Ли ќе се појави уште во неколку филмови на „Марвел“ е превземен од Reporter.mk.