Бред Пит се појави на црвениот тепих во Пекинг, Кина. 54-годишниот актер беше облечен елегантно на гала вечерта организирана од швајцарската компанија за луксузни часовници Breitling. Во црн смокинг, холивудскиот актер позираше пред бројните фоторепортери. На својата рака, Пит носеше часовник од новата колекција на врвниот бренд.
Свечената гала беше организирана по повод влегувањето на швајцарскиот бренд на кинескиот пазар, каде беа присутни и актерот Даниел Ву, сурферката Сели Фицгибонс и режисерот Питер Линдберг.
Текстот (Фото) Бред Пит елегантен на гала ноќта за познатите часовници е превземен од Reporter.mk.