Мајкл Даглас се плаши дека децата ќе му станат зависници

Холивудскиот глумец Мајкл Даглас во едно скорешно интервју откри дека му е страв дека неговите деца можат да имаат проблеми со зависности поради генетска предодреност. 74-годишниот актер во минатото бил на рехабилитација за зависност од алкохол и дрога, а во 2012 година призна дека бил зависен и од секс. Неговиот полубрат Ерик во 2004 година почина од предозирање со дрога, па сега тој стравува за неговиот син Дилан и ќерката Карис што ги има со Кетрин Зета Џонс. Неговиот постар син Камерон, од претходниот брак, мина 7,5 години в затвор поради криминални дејства поврзани со дрогата.

„Дознавајќи повеќе за генетиката, сфаќаш дека треба да бидеш повнимателен околу тоа… 3ависноста ја има од двете страни во моето семејство, па морам да обрнам поголемо внимание на помладите. Водам отворен разговор за тоа со децата“, изјави глумецот за „Дејли Експрес“.

 

Текстот Мајкл Даглас се плаши дека децата ќе му станат зависници е превземен од Reporter.mk.